Некој со заштитна опрема, некој без, некој ја почитува социјалната дистанца, а некој не во зелениот пазар во Тетово, кој денеска беше отворен за прв пат по шест недели. Граѓаните ја поздравија одлука.
„Ние сметаме дека е добро што се отвори пазарот и треба да се отворат сите продавници. Сите ги почитуваат препораките и носат маски, ракавици, нема проблем, така“, вели граѓанин.
„Станува збор за политички цели тоа што ги затвараат продавниците, пазарите. Како ќе живее народот доколку не работат пазарите, продавниците, фабриките, како ќе живее народот!“, посочи граѓанин.
„Добро што се отвори, имавме потреба од пазар, сега е рамазан, луѓето треба да се движат. Мерките дел ги почитуваат, дел не, тоа е“, додава граѓанин.
Од општина Тетово, односно од Кризниот штаб, велат дека отворањето на пазарите е во рамките на ублажувањето на мерките, а сето тоа поради тоа што бројот на заразени постојано се намалува.
Но, во градот Тетово и во другите општини како што се Прилеп и Куманово, се уште е забранет меѓуопштинскиот транспорт, а од Кризниот штаб велат дека и ова мерка ќе се укине во следните денови, а тоа ќе зависи од бројот на ново случаи со Ковид19.
