Отворена фотонапонска електрана во Осломеј, при пробата изби пожар во трансформаторската станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси целиот владин кабинет замина во Осломеј по повод отворање на новата фотонапонска електрана. Но, додека поканетите се собираа, пожар зафати една трансформаторска станица, која е дел од
новоизградената соларна електрана.

Од владиниот кабинет велат дека станува збор за проба на монтираната опрема и дека се работи
за технички проблем, уверувајќи дека не претставува никаква опасност.

Директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, рече дека фотонапонската
централа почнала да ги испорачува првите киловати и дека произведува соларна енергија.


Фотонапонската централа е отворена на просторот на досегашниот рудник Осломеј. Премиерот Димитар Ковачевски, изјави дека оваа електрана ќе ги снабдува потребите за електрична енергија
на околу 2.800 домаќинства.

Министерот за економија пак, Крешник Бектеши, рече дека со оваа инвестиција и официјално
почнува спроведувањето на зелената агенда во енергетскиот сектор.

-Започнува спроведувањето на зелената агенда во РСМ, особено во енергетскиот сектор. Агенда која е поврзана со животот, агенда поврзана со животната средина, и агенда која е поврзана со
иднината, не само на енергетскиот сектор, туку воопшто.
Фотонапонската централа Осломеј 1, има капацитет за производство на 10 мегавати електрична енергија, а за нејзина изградба потрошени се 7 милиони евра. ЕСМ потпиша договор за уште две вакви централи, со што Осломеј од јаглен целосно ќе помине на користење обновливи извори на енергија, а предвидено е да се изгради и фотонапонска електрана – Осломеј 2, вели Бектеши.