Отворени постапки и против Мерко и Јакимовски, како и против сите лица кои се на црната листа на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавното обвинителство денеска кажа дека против Артан Груби, кој неодамна се најде на црната листа на САД, има оформено постапка, но и дека има оформено постапка и против други лица кои се на оваа листа.

„За другите лица кои се на црната листа, има постапки против Рамиз Мерко, против Стевчо Јакимовски, против други лица од црната листа исто така има. Од наша страна се постапува по речисит сите лица кои се на црната листа“, вели Коцевски, пренесува репортерот на ТВ21 од брифингот во Обвинителството.