Ова е семејството кое загина во пожарот во Нови Сад: Татко се обидел да го сруши ѕидот и да ги спаси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

23-годишната Маја С. и 29-годишниот Данијел А. и нивните четири малолетни деца се жртвите на пожарот кој утрово се случи во Нови Сад, во наслелбата Салајка.

Полицијата се сомнева дека пожарот бил предизвикан од електричен скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.

Според соседите, Маја и Данијел живееле скромно, собирале секундарни суровини.

„Од утрово цел град молчи, завиен во црно по ваква трагедија. Ова никогаш не се случило, не можеме да се вразумиме и веројатно уште долго ќе бидеме во состојба на шок. Сега треба да подготвуваме погреби, сето ова е страшно – велат соседите.

До нивната куќа живеел таткото на Маја кој се обидел да го сруши ѕидот и да ги спаси, но не успеал.