„Ова значи војна“ украинска пратеничка подготвена да користи калашников

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеничката од Украина, Кира Рудик учи како да користи калашников и вели дека е подготвена да излезе на улица и да се бори, да застрела било кого и да ја заштити татковината. „Нема да им дозволиме на трупите на Путин да влезат без борба“, рече пратеничката Рудик за британската ИТВ. Таа пред неколку дена објави фотографија со оружје, а сега вели дека научила како да го користи доколку биде потребно.

-Ова е она што треба да го направиме. Мажите и жените од Украина треба да се вооружат и да бидеме сигурни дека сме подготвени да се бориме со било кој што ќе ни излезе на пат.
-Во какви околности би го користела?
-Ако треба да го одбранам моето семејство или доколку би дошло до голем напад во Киев и би биле принудени да го искористиме сите што имаме оружје. Јас знам да користам оружје.
-Значи, доколку дојде до некој поголем копнен напад во Киев, ти си подготвена да излезеш на улица со калашникот и да пукаш кон некој за кој мислиш дека те загрозува тебе или твојата земја?
-Да, токму тоа го реков, тоа значи војна, вели Рудик.

Жестоките борби продолжуваат низ целата земја. Големите градови остануваат мета на руските сили. Тања е една од илјадниците Украинци кои заедно со своите деца пребегаа во Полска за да се спасат од канџите на војната. Таа за Би-Би-Си ги опишува моментите на разделба со својот сопруг.


-Големата ќерка плачеше, кога тој ни рече пријатно во возот. Сите во возот плачеа. Плачев и јас кога се поздравував со сопругот, бидејќи не знам кога ќе го видам повторно. Тој момент навистина… но тој ми вети – Тања јас ќе ја бранам нашата земја, и ми вети дека ќе се спаси, вели Бориславска.

Повеќе од половина милион луѓе ги напуштија своите домови да се спасат од војната која владее во Украина, велат од ОН.