Кога ќе наполните 50 години, многу веројатно ќе почнете повеќе да внимавате на своето срце. Тоа има смисла кога знаеме дека срцевите болести се поголеми кај возрасните. Педесетите и шеесетите години се години кога луѓету може да накачат килограми, особено во средишниот дел на телото, при што се појавуваат ризици за срцеви болести.
Советите на лекарите се едноставни – престанете да пушите, и избенувајте нездрава храна. Ако се прашувате која храна делува лошо на вашето срце, еве го одговорот на нутриционистите:
Мрсно месо и пржена храна – „Доколку сакате да го одржите своето срце после 50 години, време е сериозно да го погледнете внесувањето на заситените масти. Многу од моите клиенти се мачат со оваа препорака. Пораснале на црвено месо и печено пилешко и се плашат да наликуваат на вегетаријанци“, вели нутрициониститката Ребека Шилинг.
Чипс и газирани пијалоци – Натриумот, заситени масти и дополнително шеќерот поттикнуваат прејадување, го зголемуваат ризикот од зголемување на телесната тежина и од срцеви болести. Газираните пијалоци имаат многу шеќер, што е фактор ризик за дијабетес и болести на срцето. Одберете газирана вода, ако веќе обожавате да пиете газирано.
Диетални пијалоци – премин од пијалоци полни со шеќери на диетални газирани пијалоци поради намалување на калории, може да звучи како паметен потез, но е контрапродуктивен за вашето срце. Засладените пијалоци се лоши за срцето, предупредува нутриционистката Арика Хоршет
Крофни – крофните се пржат во многу масло, што значи дека со нивното конзумирање внесуваме и многу маснотии. Освет тоа полни се со рафинирани јагленохидрати и шеќери, што придонесуваат за дебелеење и ризик од кардиоваскуларни заболувања.