Со овации пред Кривичниот суд во Скопје беше дочекан обвинетиот доктор Жан Митрев.
„Дојдена сум за поддршка на д-р Жан Митрев, а најмногу за оваа држава Република Македонија еднаш засекогаш да почне да функционира како правна држава“.
„Полумртви од градската болница му ги праќаа на човекот пациентите, тој ги оживуваше. Ова е срамота што се прави за еден доктор, со такво реноме“.
Судењето денеска повторно се одложи.
„Обвинителството останува на поднесеното обвинение, уверени сме во силината на доказите кои ќе ги изнесеме пред судот. Веројатно овој обид за одбегнување почнување на расправата е страв од доказите“, вели Искра Хаџи-Василева.
Овациите се повторија на излез.
„Не, прво да заврши аплаузот, бидејќи ова е вистинската слика за д-р Жан Митрев и не може да ја прекинеме. Тоа е Жан Митрев“, вели Никола Додевски.
Денешното рочиште се одложи поради жалба на одбраната дека нема доволно време да се запознае со случајот.
