ДИЈАБЕТЕСОТ е состојба во која телото не може да го регулира нивото на шеќер во крвта, а во повеќето случаи може да предизвика симптоми како прекумерна жед, потреба за често мокрење и замор, пренесува The Sun. Сепак, д-р Сара Вајт рече дека предупредувачките знаци може да се видат и во ноктите. Таа предупреди дека дијабетесот може да доведе до инфекции и кршливост на ноктите.
Жолти нокти
Истражувањата покажуваат дека дијабетесот може значително да влијае на протеините во вашите нокти поради зголемената стапка на процесот наречен гликозилација. Вајт објасни дека овој процес предизвикува ноктите да пожолтуваат.
„Ако вашите нокти се обезбојани, тоа може да значи дека веќе некое време сте имале висок шеќер во крвта или неконтролиран дијабетес“, рече таа.
Габа за нокти
Габичните инфекции на ноктите се чести и кај дијабетичарите, предупреди д-р Вајт. Тоа е затоа што зголеменото ниво на гликоза може да предизвика постепено оштетување на нервите и крвните садови.
“Со послабо снабдување со крв и повисоки нивоа на гликоза, поверојатно е да се појават габични инфекции, а тие се особено забележливи на ноктите. Имено, повисокото ниво на гликоза значи и дека постоечките бактерии можат побрзо да се развијат во инфекција”, додава таа.
Тенки и кршливи нокти
Ноктите кои се тенки и кршливи се исто така еден од симптомите што може да укажуваат на дијабетес. “Кога циркулацијата на крвта околу вашите прсти или стапала е намалена, тоа може да предизвика вашите нокти да станат тенки и кршливи. Кога ноктот е оштетен, тој е повеќе склон кон инфекција од нечистотија или влага”, објасни Вајт.