Овогодишните нобеловци ќе добијат милион шведски круни повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лауреатите на годинашните Нобелови награди ќе добијат дополнителни милион шведски круни, објави денеска Нобеловата фондација. Со тоа вкупната парична вредност на признанието ќе достигне 11 милиони шведски круни (околу 923.610 евра).

Средствата од наградите беа во пад последниве години, а за оваа година најавено е дека ќе се зголемат, како одраз на посилната финансиска позиција на Фондацијата, според познавачите.

Во 2012 година, на пр., паричната награда беше намалена од 10 милиони круни на осум милиони, поради тоа што Фондацијата се обидуваше да ги покачи сопствените финансии.