Падна дел од таванот – затворен базенот „Борис Трајковски“ во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од таванот паднал и затоа базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е затворен.

Се наоѓаме во салата Борис Трајковски каде пред неколку дена паднал дел од таванот, но за среќа поради празниците немало воопшто луѓе внатре“, вели репортерката на ТВ21.

Директорот Даниел Апостоловски рече дека базенот бара поголемо внимание.

Апостоловски вели дека Градежниот факултет им сугерирал да работат екипи од некоја сериозна компанија, да се отворат панелите од плочите на таванот, да се детектира проблемот и да се санира со цел базенот да биде функционален во лето.

Инаку овој базен е реновиран во 2010.