Падна француската Влада – премиерот денеска поднесува оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот премиер Мишел Барние денеска во 10 часот ќе му ја врачи оставката на претседателот Емануел Макрон, кој вечерва ќе и се обрати на јавноста, пишува весникот Монд.

Пратениците на радикалната левица и екстремната десница вчера се обединија во собранието за да и изгласаат недоверба на Владата.

Тоа е прв пад на француската влада од 1962 година.

За иницијативата гласаа 331 пратеник. Потребниот минимум беше 288.

Емануел Макрон, кој итно се врати од посетата на Саудиска Арабија, вечерва во 20 часот ќе и се обрати на јавноста.