Падна системот за парични трансакции во евра низ цела ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Платниот промет во евра внатре во ЕУ моментално е оневозможен, стои во известувањето што им беше испратено на корисниците од Ерсте банка.

„Поради грешка, моментално не функционира платниот систем TARGET во целата Европска унија, преку кој се извршуваат платни трансакции во евра меѓу сите банки во еврозоната. Поради тоа, оневозможени се излезните и влезните трансакции за:

  • SEPA национални и прекугранични плаќања во евра
  • Итни национални и прекугранични плаќања во евра

Се очекува проблемот да биде отстранет во рок од два часа,“ стои во известувањето.