Падна „ТикТок“, корисниците пријавуваат проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одредени корисници, кои се обидоа да пристапат до TikTok рано утринава, забележаа дека апликацијата не се вчитува. Проблемот е широко распространет низ целиот свет стои во извештајот на веб страницата DownDetector.

Проблемите со кои се соочуваат корисниците вклучуваат неможност за вчитување на апликацијата, односно неможност за гледање видео клипови. Некои успеаја да се логираат, но не можат да ги прочитаат коментарите.

Засега, TikTok официјално не ги објави гореспоменатите проблеми со серверот.