Пахор за ТВ21: Отворен Балкан е добра иницијатива!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Тоа е добра иницијатива. Можеби бев единствениот европски политичар кој во 2019 г. не само што ја поддржа таа иницијатива туку бев и таму каде што се роди, во Нови Сад. Добив покана од претседателот Вучиќ, од Заев, од албанскиот премиер Еди Рама“, порача претседателот на Словенија, Борут Пахор во интервју за ТВ21.

Тој додава дека тогаш во Нови Сад кажал дека оваа иницијатива не е алтернатива за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, туку е идеја во контекст на Берлинскиот процес.

„Ама разликата е што сите референци од Берлинскиот процес произлегоа од автономните политички волји на државите кои учествуваат во иницијативата. Реков дека се надевам оти еден ден таму ќе влезе и Црна Гора, дека еден ден и Косово ќе го видиме таму, а на крајот и Босна и Херцеговина. И ако тоа се случи, мислам дека ќе биде одлично. Не зашто тоа би била алтернатива за ЕУ, туку зашто тоа би го направило тој дел од Европа попривлечен за Европската Унија“, порача Пахор.