Пакистан истрелал 38 артилериски гранати врз Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врз авганистанската источна провинција Нангархар истрелани се 38 артилериски гранати од страна на Пакистан, јави авганистанската новинска агенција Пајхвок.

Артилериските гранати експлодирале во округот Гошта во Нангархар, што е лоцирана на границата помеѓу двете држави. Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Пред два дена авганистанските медиуми јавија дека пакистанската армија истрелала 50 проектили врз авганистанската источна провинција Кунар, при што беше причинета значителна материјална штета, но немаша жртви.