Пандемијата влијаеше на зголемување на морталитетот? – Во ноември починале 769 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата со Ковид 19 влијаеше на зголемување на смртноста во земјава. Според Државниот завод за статистика бројот на починати лица од јануари до септември 2020 изнесувал 15 584, во споредба со 2019, што означува 0.9% зголемување на смртноста, односно околу 1400 лица повеќе починати во споредба со минатата година.

Според статистиките од Министерство за здравство за 2020 година, како последица од Ковид-19 починале 2 510 лица. Бројот на починат бил поголем во последниот квартал од годината. Од почетокот на октомври до крајот на годината животот го загубиле 1 764 лица. Во ноември имало најмногу починати – 769 лица.

„Во март починале 7 лица, април 70 лица, мај 56 лица, јуни 169 лица, јули 184 лица, август  117 лица, септември 136 лица, октомври 255 лица, ноември 769 лица, декември 740 лица“, велат од Министерството за здравство.

Во текот на 2020 според бројот на заразени имавме три силни бранови, во ноември, јуни и април. Инаку, последните денови значително е намален бројот на заразени. Според податоците на МЗ во текот на вчерашниот ден 12 лица починале како последица од Ковид-19, повеќето од нив од Скопје.