Членот 206 од Кривичниот законик предвидува парична казна или затвор до една година за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките на Владата против ширењето на коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференцијата истакна дека сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат според препораките, ќе бидат казнети според членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.
„Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година“, вели членот 205.
„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, вели членот 206.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Се прекинува воспитно-образовниот процес, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји
- МТСП: Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на корона вирусот
