Паркинг место во Хонг Конг се продаде за неверојатно рекордна сума.
Станува збор за едно од неколкуте места за паркирање во ултралуксузната населба „The Peak“ во Хонг Конг.
Населбата има поглед на пристаништето Викторија, а во неа се наоѓаат некои од најскапите домови во Азија.
Во Хонг Конг има мошне мал простор, како за живеење, така и за паркирање, па цените обично се вртоглаво високи.
Оттука не изненадува фактот дека паркинг просторот бил продаден по цена од 1,3 милиони долари, а тоа воедно е и нов рекорд.
Претходниот рекорд кој се однесува на цената за место за паркирање во Хонг Конг изнесуваше 980.000 долари.
Во мај, во истата населба е забележана рекордна цена за изнајмување која изнесува 210.000 долари
