Парковите „вријат“ од граѓани, младите велат дека им недостасуваат кафулињата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Викендот и сончевото време ги натера скопјаните да излезат надвор.
На паркингот на Водно нема ниту едно слободно место.
На зелената површина секој на свој начин ужива во денот и сончевите зраци. Она што е највпечатливо е големиот број на млади, кои со затворањето на кафулињата ги „поплавија“ парковите.

Некој со маска и дистанца, а некој не.

Поголема посетеност имаше во Градскиот парк. Слична глетка и тука… Како што се чини, паркот им остана единствена опција на граѓаните за рекреација.

Инаку, од среда се затворија сите угостителски објекти согласно одлуката на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести. Северна Македонија е под полициски час кој почнува во 20, а завршува во 5 часот наутро.
Доколку епидемиолошката состојба со коронавирус се влоши, од Министерството за здравство најавуваат и дополнителни мерки.