Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

-Настаните минатата година јасно покажаа дека Бугарите сакаат промени што побрзо, за земјата да може да се врати на патот на демократијата, рече Радев.

Бугарскиот претседател, кој е многу критичен кон владата на Бојко Борисов, алудираше на демонстрациите во текот на летото во кои граѓаните го обвинија премиерот за поврзаност со олигархијата.

Борисов, кој владее со земјата околу десет години, тогаш одби да поднесе оставка, велејќи дека не сака да „попушти во хаосот во услови на здравствена и економска криза“.

– Во време кога институциите губат доверба и пропаѓаат како тротоари, изборите добиваат клучно значење. Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во време на пандемија, ниту една институција не презеде ништо. Јас го насочив вниманието на јавноста кон потребата од соодветни мерки за надминување на проблемите при спроведувањето на изборите, додаде Радев, пренесува БГНЕС.

– Очекувам пандемијата, која покажа дека може да биде не само предизвик, туку и можност, затоа што беа донесени долго одложувани решенија. Од ЦИК бев уверен дека последната серија машини ќе бидат доставени во рок од 25 дена пред денот на изборите. Очекувам ЦИК да преземе активности за ажурирање на изборните списоци. Настаните од минатата година јасно покажаа дека Бугарите сакаат промени. За надминување на длабоката криза, реформите и модернизацијата е неопходно час поскоро да се има легитимен парламент и функционална влада, истакна Радев.

– Одговорните органи мора да објават јасни здравствени мерки, кои се клучни за изборната кампања и за излезноста. Обезбедувањето од страна на државата лична заштитна опрема и на изборната администрација и на секој бугарски гласач е важен чекор во оваа насока. Се истакна и важноста на измените во Изборниот законик, кои не треба да бидат ограничени само на обезбедување на право на глас на лицата кои се во карантин, истакна бугарскиот претседател. – Очекувам Законодавниот дом да гласа и за други не помалку важни предлози – како што се гласање по пошта на Бугари во странство, видео надзор во избирачките места и емитување на процесот на пребројување на гласачките ливчиња. Фер пристап до медиумите од сите за време на изборната кампања, елиминирање на рачното пребројување, машинско гласање, нагласи Радев.

Дел од партиите се огласија и соопштија дека го прифаќаат датумот за избори, но не и промени во Изборниот законик.