Партијата на Албин Курти во Македонија – обединување или поделба на Албанците?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Денеска на 15 годишнината на ДСО освен центарот во Република Албанија почнуваме со иницијатива за формирање на Самоопределување и во Северна Македонија.“, рече Курти.

Оваа одлука на лидерот на ДСО, Албин Курти, граѓаните на Косово ја поздравија со аплауз. Но што значи за албанските партии во Северна Македонија доаѓањето на Самоопределување тука? Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не ја пречека со добредојде  идејата на Курти, односно ширењето на неговиот политики субјект и во нашата земја.

„До сега сме имале 6 партии во Македонија, ќе станат 7. Се расцепкува албанскиот електорат. Ги имама предвид сите партии во Косово, имам пријатели и во Самоопределување. Ќе бев исклучително благодарен, доколку имаат забелешки за политиките кои јас ги водам на овие простори, да ми ги кажат како пријател на пријател. Но легитимно право е кој било што размислува да формира партија, така како што направија тука 6 партии, седум.“, изјави Ахмети.

Од ДПА и Алтернатива не сакаа да коментираат туку рекоа дека е демократско право секој да формира политички субјект или претставништво.

„Секоја групација има право на политичко организирање, така што и едно вакво организирање иако е сечие демократско право, мислам дека е нивно право и немам коментар.“, вели Сали Ајдини од ДПА.

„Во демократските држави, во плуралистички држави има право секој кој осудува и сака да формира политички субјект или претставништво како што вие ја спомнавте Самоопределување, нивно право е“, рече Алиу од Алтернатива.

Инаку оваа изјава лидерот на Самоопределување Албин Курти ја даде на собирот на 15 годишнината на неговата партија каде објави дека ќе започне иницијатива за формирање на Движење за самоопределување и во Македонија.