Пред неколку дена директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми во Клик Плус призна дека автопатот Тетово-Гостивар не ги исполнува стандардите за да се нарече автопат.
Ејуп Рустеми: Тетово-Гостивар не ги исполнува стандардите за да биде автопат, затоа е дел…
-Зошто плаќаме?
Е.Р.: Затоа што е дел за кој што е предвидено да се склучи договор со Бехтел и Енка.
Иако овој автопат не ги исполнува потребните услови, граѓаните и натаму плаќаат патарина.
И лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска дојде од таму и го прашавме дали е во ред граѓаните да плаќаат за пат кој не ги нуди потребните услови.
„Ова се стандарди кои ги поставуваат надлежни институции и коридорот 8 каде наскоро ќе почнат работите, сигурно овие прашања за патот Тетово-Гостивар ќе се надминат со помошниот пат меѓу Тетово и Гостивар“, вели Али Ахмети.
Автопатот Тетово-Гостивар е долг 22 км, а една патарина изнесува 30 денари што значи 60 денари за 22 км. Освен што патот е многу тесен, нема ни помошна лента предвидена со закон за да може да ги исполни условите за автопат.
