Патничко возило излетало од коловозот во струмичко – едно лице повредено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 30.05.2021 околу 22.10 часот на регионален пат с.Белотино – с.Попчево, струмичко, патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колвозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.