Одрони на патот 146 во Тетово изнесоа на површина водоводна цевка која ја снабдува оваа населба. Жителите велат дека патот е опасен, а во зимските услови движењето е голем предизвик, бидејќи почвата се лизга и патот често се урнува.
„Состојбата е многу сериозна и лоша, мора да се подобри бидејќи сме во голема непогода. Во текот на зимата е уште потешко, со плочките на патот, на некои места патот се урнал поради обилни дождови.
Ова е опасно за сите граѓани, мора да се санира. Ние сме за тоа што побрзо да се среди за граѓаните.
Патот не е среден, секаде има дупки, брдо, зимава патот замрзнува, автомобилите не можат да поминат и паѓаат овде, ова е ситуацијата“, велат граѓани.
Од Општина Тетово велат дека постои проект за санација на патот 146, но тендерот сè уште не е отворен. Тие ветуваат дека екипите се на терен и ја следат состојбата.
„Бевме информирани преку медиуми, а екипите на секторот за комунални активности и водоводот се на терен за да ја констатираат состојбата на патот. За патот постои проект и се очекува да се изгради во текот на годината“, вели портпаролот на општината, Албион Алили.
Улицата 146 има околу 3.000 куќи и се наоѓа под падините на Шар Планина. Повеќето објекти се изградени без детален урбанистички план, па секогаш кога има дожд или снег се појавуваат одрони. Пред еден месец, од одроните беа оштетени и две куќи, а за време на снежните врнежи, поради наклонетоста на теренот, возилата често не можат да поминат по овој пат.
