Патот до болницата „Козле“ и понатаму уништен – пробиени неколку рокови кој самиот градоначалник си ги постави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова е патот кој води до Болницата Козле во Скопје, но патот е во многу лоша состојба. Ова не е прв пат да известуваме за ова. Иако за реконструкција ветуваа двата градоначалници, градоначалникот на Карпош и Град Скопје, сепак не е преземено ништо за да се среди истиот“, јавува репортерот на ТВ21.

Поминаа повеќе од една година откако градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, изјави дека наскоро ќе се санира патот. И сега причините за не средување на патот се климатските услови, но е додадена уште една причина, кризата со пандемијата. Вака изјави првиот човек на Карпош кога го прашавме зошто не е направено ништо.

Изгледа дека климатските услови и пред една година беа пречка за реконструкција на овој пат според Богоев.

Јуни помина одамна но овде не е преземено ништо. Инаку Болницата Козле сега е Ковид центар каде се лекуваат лицата заразени со корона вирус.