Патот кон Палатица заборавен со децении – Општина Желино: Ќе се асфалтира со пари од светска банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е патот што го поврзува селото Желино со селото Палатица. Се гледа дека е запуштен и со години немало никаква интервенција. Од месната заедница велат дека добиле многу ветувања, но поминале години, а состојбата се уште е иста.

„Верувам дека и самите сте го виделе патот. Цели 25 години на овој патен правец воопшто нема интервенции, особено во последните пет години се е уништено. Имаме ветувања дека ќе се среди а патот не е среден. Пред пет години имавме состанок. Ни беше ветено дека ќе се направи по една недела, но ништо не беше направено. Една година подоцна ни рекоа дека ќе се среди и до денес ништо не е направено“, вели Беќир Велиу.

Жителите што ги сретнавме велат дека добиле многу ветувања, особено пред избори.

„Не знам што мисли оваа општина, што мисли овој народ, дали само да се краде, ги продадоа ридовите на Желино и го продадоа Желино кај што отидоа тие пари, срамота. .“

„Јас сум печалбар. Помина една година откако дојдов овде, имам надежи дека овде ќе биде подобро, но станува се послаба, патот е навистина мизерен, првите луѓе што беа осум години ни ветуваа, потоа дојдоа божем подобри. Двапати отидовме кај градоначалникот Блерим и баравме да ни го среди патот. Ни вети дека ќе се направи, ќе се почне, но почеток нема како што гледате, ќе поминете ќе го снимите патот, навистина е мизерно“.

Во писмен одговор од општина Желино ни рекоа дека го добиле проектот за изградба на овој патен правец и дека ја финализираат документацијата за почеток на работите.

„Две од петте улици кои општина Желино ги има добиено од Светска банка преку Министерството за транспорт се патните правци Желино-Палатица и Палатица-Озормиште. Овие патишта за општина Желино се меѓу најважните патни инфраструктурни правци. За сите овие патни правци општина Желино ја комплетираше сета потребна документација, а се чекаат конечни потврди од Министерството за транспорт и Светска банка за почеток на работите“, велат од општината.

Селото Палатица во општина Желино има околу 5.000 жители, додека повеќето од нив живеат во странство. Според жителите, на овој патен правец не е интервенирано цели  25 години, додека единствените интервенции што се направени се од самите жители.