Патот Тетово – Скопје 5 месеци со тампон и дупки – Рустеми: Временските услови не дозволуваат асфалтирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој пат започна да се реконструира во септември 2020 и по цели 5 месеци се уште се наоѓа во ваква состојба. Овој пат ги поврзува повеќето села од општина Желино, но истиот не е под надлежност на оваа општина. Од општина Желино велат дека овој пат се реконструира после 40 години.

„За нас како општина Желино, регионалниот пат Тетово – Скопје беше приоритет и наше барање да се реконструира што поскоро, со цел да се подобрат условите на патната инфраструктура, знаејќи го фактот дека овој пат е еден од најфреквентните во земјава“, велат од општина Желино.

Граѓаните кои минуваат по овој пат велат дека се револтирани но само некои од нив прифатија да зборуваат пред камера. Тие бараат од Државни патишта што поскоро да го завршат патот бидејќи велат дека им се уништиле автомобилите.

„Македонски патишта го доби тендерот и не доврши, не знаеме каде заглавија работите. Би апелирал до Македонски патишта додека го уредат патот ние да поминуваме по автопатот бидејќи ги уништивме амортизерите, се“, вели граѓанин.

„Овој пат е оштетен многу, дојдоа да го санираат но го расипаа цел, лошо е што ние на автопат треба да плаќаме по 40 денари за да одиме во Тетово или Желино. Не знам, ова е катастрофа, наместо подобро, бидна полошо“, додава граѓанин.

Контактиравме и со Ејуп Рустеми директор на ЈП Државни патишта, тој ни одговори дека причина за неасфалтирањето на патот се временските услови.

„До сега 1.2 км се асфалтирани а 1.4 км останаа со тампон, претпријатието кое го има тендерот за овој пат го одржува патот со тампон за да нема дупки, а ниските температури и временските услови не дозволуваат овој пат да се асфалтира сега за сега, штом се подобрат условите ќе започне асфалтирање на овој пат“, вели Ејуп Рустеми.

Додека температурите пораснат и додека се создадат временските услови граѓаните од селата во Полог ќе треба да одат со километри по каллив пат и песок, а другиот дел од патот кој е останат неасфалтиран е полн со дупки и е уништен.