Пациент од Битола, кој најпрво бил примен на одделението на психијатрија, а потоа на интерното одделение, бил тестиран на коронавирус, и неговиот тест бил позитивен, при што бил префрлен на инфективно.
Директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска соопшти дека пациентот немал контакт со други пациенти, бил сместен сам во соба, и бил неподвижен, а лекарскиот кадар кој влегувал кај него, го правел со целосна заштитна опрема согласно протоколите. Лекарите кои биле во контакт со него, се во самоизолација, соопшти Гагачовска.
Таа додаде дека при прием во болницата на 10 април, пациентот немал никакви симптоми, немал температура.
Откако му се покачила температурата, во координација со епидемиолозите, заради предострожност му бил земен тест и третманот кон него бил според протоколите.
Неговата здравствена состојба барала интернистички третман, заради што бил префрлен на интерното одделние.
Синоќа го добиле резултатот кој бил позитиен, заради што бил пренесен на инфективното одделение, а екипи од Центарот за јавно здравје извршиле дезинфекција и дополнително чистење на одделението по протокол.
Гугучевска порача да не се шири паника и медиумите да не шират лажни вести, туку да се потпираат само на официјалните информации.
