Пациентите преку СМС пораки ќе се повикуваат на вакцинација Сали: Утре комисијата ќе одлучува за укинување на мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред четири месеци верските поглавари заедно со министерот за здравство, Беким Сали го повикаа населението да се вакцинира против Ковид-19. Овој повик беше последниот чекор на министерот Салии во насока на поттик на граѓаните да се имунизираат. Вакцинацијата во нашата земја стагнираше, па затоа сѐ уште се на сила мерките за ковид-сертификати, носење маски и други протоколи. Следниот потег на Министерството за здравство е мерката со која матичните лекари преку смс-порака ќе ги повикуваат нивните пациенти да се вакцинираат.


-Во текот на првите три недели од мојот мандат испратив неколку апели и ја користев секоја прилика да повикам на вакцинација.
-Но, повиците не помагаат министре.
-Бидејќи не помагаат, сега сме во втора фаза. Од денеска почнуваме со праќање директни смс-пораки на телефоните на пациентите преку матичните лекари. Преку системот „Мој Термин“ пациентите ќе бидат повикани на 40 вакцинални пунктови и во одредено време, вели Сали.

И додека многу земји веќе ги ублажија мерките укинувајќи ги маските на отворено и затворени, кај нас не е таков случај. Ресорниот министер, вели дека укинување на мерката за задолжително носење заштитна маска ќе биде тема на која утре ќе дискутираат здравствените експерти.

Утре ќе заседава Комисијата за заразни болести каде ќе биде разгледана епидемиолошката состојба во нашата земја, како и можноста за укинување на некои заштитни мерки. Инаку, во нашата земја со две дози анти-ковид вакцина, што се смета за целосна имунизација, се вакцинирани 41% од вкупното население.