Пацоли: Едни стандарди на ЕУ кон Србија, а други кон Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Алијансата за ново Косово (АНК), Беџет Пацоли ја денеска ја обвини Европската унија дека користи двојни стандарди кон Белград и Приштина.

Пацоли на својот Твитер налог објави две фотографии – една на која шефицата на мисијата на ЕУ во Приштина Наталија Апостолова вели дека и ветува на косовската министерка за здравствени олеснувања по ситуацијата создадена со епидемијата на коронавирусот, а друга на која шефот на канцеларијата на ЕУ во Белград, Сем Фабрици известува дека Брисел издвоил 7,5 милиони евра за помош на Србија.

Пацоли, кој беше министер за надворешни работи во претходната влада, прашува дали Косово треба со критики да го привлекува вниманието на Брисел.

Тој смета дека ваквиот пристап на ЕУ е штетен за надворешните односи на Унијата.