Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска информира дека на двајцата инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста на објектот.
„Против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност, бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, а денеска е поднесена и кривична пријава според членовите 205 и 206 од Уредбата на нашата држава“, порача Пауновски.
