Долго чекање на граничниот премин Табановце.
Не им е лесно ниту на оние кои патуваат со автобус.
Некој си нашол и ваков начин да си ги испружи нозете.
Ваквата глетка стана вообичаена преку лето на овој граничен премин кој освен што го користат печалбарите кои се враќаат во родното место, го користат и оние кои имаат роднини на двете страни од границата како и оние кои одат на летување во Грција.
Иако граѓаните велат дека чекаат со саати, така не мисли директорот на Царина Бобан Николовски кој вели дека нема многу колони.
Долго чекаат и оние кои превезуваат стоки, а на прашањето во врска со ова, Билјана Муратовска од асоцијацијата Макам-Транс потсети дека било и полошо.
Инаку Муратовска и Николовски се сретнаа денеска кај Табановце каде зборуваа за усогласување на работното време на инспекциските служби, автоматизација на граничните терминали со грант од ЕУ и поврзување на новиот систем за видео надзор и детекција на табличките што се спроведува во моментов како и унапредување на дигитализацијата и поврзување на домашните институции на ниво на држава.
