„Пенали“ за Клинички центар од 8,5 милиони евра – Тодоров и Филипче го задолжија Министерството за здравство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со оваа изјава Никола Тодоров, министер за здравство во 2016 година, најави изградба на нов Клинички центар, но со смената на власта и доаѓањето на Венко Филипче на оваа функција, овој проект беше прекинат.

Актуелниот министер Беким Сали е должен да плати казна од околу 8,5 милиони евра на италијанската компанија.

ТВ21 побара одговор од Министерството за глобата и начинот на плаќање, а овој ресор не соопштува многу детали. Арбитражниот суд е една од опциите да не се даваат толку пари во време на економска криза, велат од таму.

„Во моментот се во тек правни консултации со службите во Министерството, по што ќе бидат преземени соодветни чекори согласно законските регулативи.  Воедно, една од законските можности е надминување на овој спор по пат на арбитража со цел заштита на државниот буџет“, велат од МЗ

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека случајот го разгледуваат правни тимови.

Инаку, идејата за изградба на нов клинички центар постои од 2009 година и до сега не е преземено ништо во оваа насока, освен што неколку пати се одредени различни локации за изградба на истиот.