Пендаровски го разгледува текстот за спорниот Закон за утврдување правен статус на бесправно изградените објект

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефот на државата Стево Пендаровски го разгледува текстот за спорниот Закон за утврдување правен статус на бесправно изградените објект, по што ќе биде донесена одлука.

„Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, вчера е доставен од Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски го разгледува текстот на законот по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста“, информираат од Кабинетот на Пендаровски за ТВ21.

Инаку, Собранието по скратена постапка, со 72 гласа „ЗА“, 3 „ВОЗДРЖАНИ“ и 5 „ПРОТИВ“, го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Со овој закон се отвора пат објектите кои биле градени без дозвола, сега слободно да можат да се легализираат.

Законот предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.