Пендаровски на дипломатски форум во Анталија: Пандемијата покажа дека со повеќе соработка доаѓа до полесно справување со проблемите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во рамки на учеството на претседателот Стево Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум кој се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, денеска тој се обрати на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“

Претседателот Пендаровски во својот настап зборуваше за состојбата предизвикана од Ковид-19 во земјите од Западен Балкан истакнувајќи дека  сите бевме сведоци како би изгледала нашата реалност доколку секоја земја остане сама и доколку сите механизми за соработка развиени во минатото, бидат целосно или делумно напуштени.

Меѓу другото, претседателот истакна дека пандемијата покрај девастирачкиот ефект врз начинот на живот, покажа и дека повеќе соработка и поголема солидарност значи полесно справување со проблемите и тешкотиите.