Пендаровски: Не очекувавме вакви резултати, нема да барам гласови од било кој за втор круг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во јавноста се обрати и кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски.

Тој порача дека не очекувале вакви резултати, а според него разликата ќе биде над 130 илјади гласови.

„Од утре продолжуваме со средби со граѓаните и тргнуваме од нула. Имаше 7 кандидати и тоа е причината што се поделија гласовите Мојата задача ќе биде како и изминатите 20 дена да го промовирам концептот во кој верувам. Ги охрабрувам граѓаните да излезат во втирот круг“, вели Пендаровски.

Тој додава дека во вториот круг очекува повеќе граѓани да го прифатат концептот во кој длабоко верува.

„Нема да правам договор со никој, за така наречено механичко префрлање на гласовите, никогаш не сум го правел тоа, ниту ќе го правам“, вели Пендаровски.