Зголемување на инвестициите и интензивирање на економската соработка се заклучоците од билатералната деловна средба на македонските и хрватски стопанствениците во Загреб.
Претседателот Пендаровски посебен фокус во рамки на официјалните средби посвети на економската компонента.
„Јасно е дека не се зависи од луѓето во бизнис секторот, јасно е дека е важна стабилноста и интегритетот на институциите. Најважно е владењеето на правото, најважно е нивното на корупција да се сведе на минимум за да странски инвестороти и бизнисмени да доаѓаат во држава која има иднина и стабилен систем кој може да ги штити нивните права и инвестиции. Знаете дека сме на прагот да започнеме преговори со ЕУ, после долги подготовки, јас мислам дека оваа година може да направиме пробив на тој план“, истакна Стево Пендаровски.
„Веруваме дека потенцијалот кој што го детектиравме, во делот на инсдустриското прозизводство, особено во делот на ИТК индустријата, меѓутоа и во делот на отворање на нови можности за дестинации меѓу нашите туристички центри, особено во Македонија, Охрид и во Хрватска, Дубровник и Сплит, дека ќе биде навистина голема можност во овој пост-пандемиски период да го развиеме и туризмот кој што беше една од најзагрозените гранки“, посочи Данела Арсовска.
А полека се враќаме и на старите патеки. Па многу наши граѓани и ова лето ќе бидат во Хравтска.
„Нашата сезонска дијаспора се едни од првите луѓе кои веќе добија вакцини за да може да се вратат на работа во Хрватска“, вели Стево Пендаровски.
„Нас ќе ни требаат работници преди по тие 90 дена. Во цела Хрватска, во Загреб во секторот угостителство, кафичи без кои Хрватите не можат и за време на работното време, работат како келнери, шанкери…“, порача Зоран Милановиќ
Додека претседателот со неговиот хрватски колега одржуваа средби, двете први дами заедно на ручек.
Ја посети и оваа успешна компанија во која повеќе од половина од вработените се жени, а сопствениците со корени од Македонија.
„Видов одлични идеи, фантастична компанија. Се надевам дека ќе воспоставиме соработка“, додаде Елизабета Ѓоргиевска.
Првата дама се враќа во Македонија со впечатоци, а следното лето и одморот сака да го помине на хрватското приморје.
„Со учеството на деловната средба, Пендаровски ја заокружува дводневната посета на Хрватска. Тој вчера имаше средби со неговиот домаќин, претседателот Зоран Милановиќ, како и со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ“, посочи репортерот на ТВ21.
