Пендаровски: Пет дена пред првиот полициски час пред сите новинари кажав дека не верувам во тоа – но тоа беше оправдано!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со претседателот Стево Пендаровски во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни теми.

Пендаровски една година по пандемијата, призна дека пет дена пред воведување на првиот полициски час, не верувал дека до тоа ќе дојде.

„Некој ако мисли дека министерот за здравство или за внатрешни работи, претседателот, премиерот, диктира дали ќе има полициски час, се лаже.

Тоа што Комисијата го предлага, политичките фактори ги прифаќа. Ако тие собрани таму, кои не се политички фактори, велат дека има логика, значи има.

Еве еден интересен детал. Минатата година ова време јас потпишав решение за вонредна состојба. Пет дена пред да воведеме полициски час и вонредна состојба, ме прашуваа новинарите што мислам за полициски час, затоа што голем дел од земјите го имаа воведено, јас реков дека не верувам во тоа. Јас не верував пет дена пред да го воведеме.

Година дена потоа мислам дека е оправдано. Една година откако почна пандемијата, еве сега добри држави како Чешка и Словачка, извезуваат најгрубо пациенти во други земји“, вели Пендаровски.