Пендаровски по вчерашниот инцидент во Вашингтон: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државава Стево Пендаровски преку својот Фејсбук профил, по вчерашниот упад во Конгресот од страна на приврзаници на актуелниот претседател Доналд Трамп, упати сочувство и солидарност со американските граѓани.

„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите“, посочува Пендаровски.