Пендаровски: Црквата да се сообрази со правилата кои важат за сите граѓани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски на официјалната страница на Фејсбук истакна дека во пресрет на велигденските празници верува дека црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите граѓани.

Тој посочува дека иако поради пандемијата со вирусот Ковид-19 на граѓаните многу права или им се одземени за одреден временски период или им се редуцирани, сега имаме повисока цел, а тоа е да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето.

„Во нашата заедничка држава, ниту една религиозна заедница не е над другите, ниту еден верник не е поважен од еден атеист и обратно. Верувам дека верниците ќе најдат друг, соодветен начин да ја испочитуваат својата вера“, додава Пендаровски.

Во пресрет на велигденските празници верувам дека Црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите останати. Поради…

Gepostet von Stevo Pendarovski am Freitag, 17. April 2020