Претседателот Стево Пендаровски за утре закажа лидерска средба во Вила Водно на која ќе се разговара за одложување на изборите.
Се поизвесно е одложувањето, откако денеска лидерите на најголемите политички партии побараа пролонгирање поради справување со коронавирусот.
Лидерска средба утре во Вила Водно за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 16, 2020
