Пензионерите ги пречекаа функционерите, го поздравуваат покачувањето на пензиите, бараат повеќе клубови за дружење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер, Изет Меџити, придружуван од министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, градоначалникот на Чаири, Висар Ганиу и пратеникот Беким Сали, го посетија пензионерскиот клуб во Топанско поле. Домаќините ги почестија гостите со чај.

Овој пензионерски клуб во Топанско поле е единствениот во Чаири. Пензионерите велат дека на оние што живеат во Гази Бабе или Сераво им е тешко да дојдат овде. Сакаат да имаат повеќе клубови, особено кај Паркот на Чаир.

„Ние имаме и други обврски но кога имаме време доаѓаме овде со колеги пензионери, разбовараме, и така, добро е…“

Колку пензионерски клубови има во Чаир, и дали има потреба за повеќе?
„Да, има потреба. Моментално има само 2, овој овде и еден во Џон Кенеди, има потреба барем за уште 2, во Серово и Гази Баба.“

„Секако дека се дружат повеќе и би било подобро. Затоа јас истакнав, барам кај трибините кај паркот, бидејќи ние се познаваме тука, сите пензионери се собираат таму во зима и играат домино, шах, само таму остана, друго немаме, тоа е отворено. Да имаме поголемо место, би било многу подобро.“

„Генерално, кој доаѓа од пензионерите, користи чај, кафе, домино, шах итн. Добро е да се има клуб таму, во Серово, во Гази Баба, Чаир, посебно околу паркот.“

Вицепремиерот Меџити ги информираше пензионерите дека Владата донела одлука за зголемување на пензиите за износ од 5000 денари.

Но, колку е важно зголемувањето на пензиите за 5000 денари? Пензионерите велат дека со ова ќе бидат задоволни посебно пензионерите со минимални пензии.

„Во принцип, тоа е важно за пензионерите. 5000 денари не се многу ама не се ни малку. Тие што имаат минимална пензија ќе се радуваат. Бидејќи ќе биде линеарно, добро е. Тоа е позитивно.“

„Да сме здрави и добри, сега колку ќе се зголеми толку и за тоа што ни го даваат им благодариме“.

„Многу подобро би било оние кои имаат многу ниски пензии, особено нашето население, да им се зголемат повеќе, седум-осум илјади. Но, и ова не е лошо.“

Инаку, зголемувањето на пензиите ќе се реализира во две фази. Првото зголемување ќе се реализира во септември годинава, додека следното зголемување ќе се реализира во март следната година. Зголемувањето на пензиите беше клучен приоритет за новата Влада и истото беше одобрено на првата владина седница на 28 јуни.