Пензионерите од Тетово ги блокираа улиците – за неисполнувањето на барањата, ќе ги информираат ЕУ и амбасадите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пензионерите од Тетово го блокираа кружниот тек “кај монополот“ во Тетово во знак на протест за неисполнување на нивните барања.

Не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите и за минимална пензија од 20 илјади денари.

„Придружете ни се на протестот. Власта не занемарува, не понижува, не ни дава пензии какви што бараме ние. Тие ги полнат своите џебови, ги зголемија платите за 78% а нас не понижуваат. Придружете ни се граѓани, помогнете ни“.

Пензионерите најавуваат продолжување на протестите и нивно радикализирање а од утре ќе реагираат и до канцеларијата на ЕУ и амбасадите во земјава.

По половина час блокада на влезот и излезот од Тетово, пензионерите се разотидоа извикувајќи “Оставка за министерката за труд и социјална политика“.