Перење пари и злоупотреби во ФФМ – вкупна штета од над 146 милиони денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Управата за Финансиска полиција поднесе кривични пријави по повеќе основи против 11 физички лица, како и против 14 правни лица, кои од 1 јануари 2015 година до 10 октомври 2019 година, на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист во износ од над 146 милиони денари“, вели репортерот на ТВ21. 

Според Финансиската полиција, одредени физички и правни лица, преку фиктивни фактури за наводна продажба на стока и услуга во ФФМ,  противправно се стекнале со имотна корист.

„За физичките и правните лица или компании постоји основано сомнение за сторено кривично дело перење пари, злоупотреба на службена положба и овластувања, несовесно работење во служба, измама во службата, фалсификување и уништување на деловни книги. Според Финансиската полиција, тие со фиктивни фактури за „наводно“ извршена продажба на стока и услуги во ФФМ, лицата се стекнале со противправна имотна корист“, истакнуваат од финансиската полиција.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, изјави дека на 10 октомври 2019 година пријавил сомнежи за финансов криминал. Според Сејдини, изминатиов период, ФФМ имала интензивна соработка со државните истражни органи, особено со Финансиската полиција.

„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија, на 10 октомври 2019 година, кај државните истражни органи пријавив сомнежи за финансов криминал во врска со злоупотреба на службената положба и овластувања, за перење пари и други приходи како казниви дела, како и злоупотреба на работните обврски од страна на поранешното раководство на Одделението за финансии при ФФМ и НН лица“, посочува Мухамед Сејдини.

Вкупната предизвикана штета изнесува 146 милиони 770 илјади и 172 денари, информираат од Управата за финансиска полиција.