Пешачкиот премин и дивоградбите на Бит пазар – Шилегов: Решение, на пролет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За прашањето со илегалниот пешачки премин, неискористениот мост на Бит пазар, бизнисите и дивоградбите во овој дел, ќе се најде решение на пролет, ветија од Град Скопје и општина Чаир.

Иако општините постојано си ја префрлаа вината една на друга дека ниедна не е надлежна за решавање на проблемот, првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека не биле обвинувања туку различни мислења, а во меѓувреме заедно работат за решавање на проблемот.

Истата судбина ќе ја имаат и дивоградбите рече Шилегов.

И Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир рече дека дозвола за изградба на киосците тука не е издадена од него.

„Што се однесува до киосците на Али Тобако, Општина Чаир нема издадено никаков документ, ниту сегашниот градоначалник. Тој поседува документ кој е потпишан претходно од екс градоначалникот на општината, но како објект со привремен карактер. Ќе седнеме, да го видиме правниот статус на тој објект и се разбира за што и да има потреба ќе се преземе и ќе се ревидира“, посочи Висар Ганиу.

Најголема фреквенција на граѓаните на илегалниот пешачки премин е поради купување продукти кај овие бизниси. Поставениот објект на тротоарот веќе неколку години е на таа локација а двете општини и натаму го категоризираат како привремен. Во неколку излегувања, градоначалникот на Град Скопје, Шилегов вети затворање на илегалниот пешачки премин и отстранување на сите објекти кои не поседуваат дозвола.