Пет македонски семејства евакуирани од пожарите на Халкидики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вкупно пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, македонските семејства, во координација со надлежните грчки власти, биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи.

Од МНР и надворешна трговија повторно упатуваат апел до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефон на Министерството +389 75 268 736 или преку електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.

Помош и информации може да се побараат и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Министерството ги повикува македонските државјани во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.