Во Нови Сад денеска се одржа протест пред зградата на Собранието, каде што е одржана седница, на која се избираше нов градоначалник откако минатиот поднесе оставка.
Жарко Миќин е одбран за нов градоначалник, а во еден момент протестот пред зградата ескалираше, па демонстрантите се судрија со полицијата.
Во таа мешаница повредени биле петмина полицајци, на кои им се укажувала лекарска помош, известуваат медиумите во Србија.
Полицијата за текот на денот ќе се огласи со соопштение.
Протести се одржуваат и во неколку други градови.
