Петрова: Не е разговарано за евентуално укинување на „Мој ДДВ“, но заклучок е дека мерката не го даде посакуваниот ефект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не е разговарано за евентуално укинување на мерката „Мој ДДВ“, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, во вчерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Не можам да кажам дека постои таква одлука или намера, но кога станува збор за мерка што троши јавни средства, мора да се анализира нејзината ефикасност и дали ги дава очекуваните резултати“, истакна Петрова, наведувајќи дека на квартално ниво за 2025 година за „Мој ДДВ“ се издвојуваат околу 14,5 милиони евра за над 500.000 корисници.

Таа додаде дека мерката, воведена во 2019 година со цел намалување на сивата економија, според податоците со кои располага УЈП, не го дала посакуваниот ефект.