Петте хеликоптери кои денеска полетаа кон Пехчево, но беа повлечени поради исклучителните високи температури, наутро повторно ќе полетаат и ќе гасат пожари.
„Утре рано наутро 5-те хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот“, посочи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
