Петте хеликоптери повлечени од пожарот кај Пехчево поради исклучително високите температури

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов истакна дека поради исклучително високите температури, 5-те хеликоптери биле повлечени од местото на големиот шумски пожар

„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура“, вели Ангелов.

Тој додава дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.